ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
А за тоа дека мажите се смотани, немаат навики, имаат наметливи мајки, е па join the club, во Македонија поголем број се такви, а да не мислиш дека во Европа мажите знаат све што треба да прават, организирани се или не се деца. Не се лажи девојко отвори ги очите и види ја реалноста, тоа било така од век и веков и така ќе остане во нивната природа е. А ако сакаш некој што е паметен и "отракан" што викаат старите, тогаш треба да си спремна дека таквите во принцип се со изострен вкус, наоѓаат мани, а и сакаат да шараат наоколу, па ти види што повеќе ќе ти одговара. Имам чувство од таа врска веројатно што си била со некој таков отракан те исмејувал, лажел со други и што ли не, а сега кога најде мирен дечко не ти одговара, очигледно поубаво ти е кога некој те малтретира.
А да најдеж некој на иста бранова должина до толку, ретко се наоѓа, а и ако е ист како тебе, нема да ти се допаѓа, обично бираме секгаш малку поразлични од нас, така што тоа е илузија и поискусни ете нека ти пишат и мами ејнџелс веќе ти пиша, бракот не е розев, напротив има многу компромиси за да се одржи. А дека ќе ти смета нешто или повеќе работи кај него, тоа секако ќе биде, не може се да ти се допаѓа, нормално е.
Со болдираново не дека не се согласувам, него ме прилично револтира оваков став и оваква генерализација. Не бе ние жените сме совршени, и само ние сме требале да живееме на Земјата. Мажите едноставно се такви, не ги бива.
Јас имав дечковци и никогаш немав ниту еден смотан, без навики и мамин син. И сегашниот сопруг ми има маани, како и секој друг, како и јас самата, ама е далеку од ова што читам тука во темава дека ете тие како мали деца се, па се врзани за мајка итн.
Мене многу ме разочарува и се прашувам кај само вие наидувате на овакви?
Ова не е само реплика на постот на ЛавблМи, туку воопшто на секого, а и тука на форумов имам прочитано сличното.
Да е моето мислење за мажите овакво, верувајте јас никогаш нема ниту да изберам да се омажам. Јас не се омажив затоа што сакав семејство, деца и мислев дека треба тоа да имам, јас се омажим бидејќи мислев и чувствував дека ние СМЕ на иста бранова должина, и такви парови постојат и ќе постојат. Тоа не значи дека ние во се се согласуваме, и дека не се караме и расправаме, тоа едноставно значи дека се поврзавме на едно посебно ниво на кое со никој друг се немам поврзано на ист начин. Тоа е она хемија, или ја има или ја нема.
Друго, девојчето (анонимен или квин) се усудила да ги согледа своите чувства, стравови, очекувања и јас тоа го ценам.
Што, ние па никогаш не сме биле лицемерни спрема некој близок, па и спрема сопругот, па тука сега ќе и морализираме дека таа е себична и нереална. Ниту со тоа се согласувам бидејќи таа не се задоволува со и во тоа што го има, и тоа не ја прави ниту себична, а најмалку реална, бидејќи реалноста е дека може повеќе кога веќе има избор, само и треба храброст.
Ме потсетува малку на мене, затоа можеби се застапувам и ја бранам од сите лицемерства, утепувања во поим, морализирање и себеправедност на кое и самата наидов во животот.
А со црвеното цитираното не дека не се согласувам, туку е толку еден ограничен поглед посебно со она дека таквите шарат наоколу.
Напротив, јас мислам дека шараат простите, оние неизживеаните, оние кои не гледат подалеку од својот нос, кои се со празна душа, а уште попразен мозок.
Другите, тие отрканите (не знам дали го погодив зборот, прв пат го слушам, ама во контекст го гледам) можеби согледуваат маните, ама исто тако се свесни и за своите маани и се доволно прошетани да знаат да совршенството на земјата не постои и едноставно знаат да ги сакаат и прифаќат маните како такви.
Вероватно сите пишеме од нашите лични искуства, од она што и колку сме поминале во животот, па затоа и ќе се согласиме или не.
Јас сум секогаш за тоа да она што те влече на срцето, кон што копнееш, не е тука за безвеза. Тое е твојот порив, нешто што ти кажува дека тоа нешто постои и е стварно, само треба доволно да си храбар, малку луд, ама со голема верба, дека тоа и ќе те чека.
Што знам, можеби тоа е само моето срце, мојата душа... Ама досега, во моето искуство, никогаш се немам излажано.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."