Др.Оз (51) им препорачува на брачните двојки да имаат секс најмалку два пати неделно. "Сексот ви помага да живеете подолго. Научно е докажано дека сексот два пати во неделата обезбедува барем три дополнителни години живот", вели докторот во интервјуто за магазинот "Shape". Неговата 48 годишна сопруга се сложува со тоа дека редовниот секс е многу важен дел од нивниот брак: "Многу е потешко повторно да го разгорите пламенот на страста откако тој еднаш ќе се изгасне. Поедноставно е ако постојано го одржувате разгорен. Луѓето мораат да се трудат да ги направат интимните односи составен и редовен дел од својот живот". Др.Оз и Лиса имаат четири деца, и и двајцата можат да се пофалат со успешен брак, иако имаат и многу успешни кариери. Судејќи според сите нивни животни околности, изгледа дека од оваа брачна двојка може навистина многу да се научи. [назад]

август 2013г.
Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни



