Пред прошлата година имав кампувано многу малку, по неколку дена.
Но лани со друштво фативме накај Лефкада да кампуваме, и тоа не во обичен камп туку во див без струја и без вода
Искуството беше мачно но возбудливо, собрани 8 души во различни шатори во круг, импровизирана кујничка и многу заштедени пари.
Ја свртевме цела Лефкада, поинаку немаше да си дозволиме да ја видиме и затоа и бевме доста задоволни, но најголем проблем според мене беше приватноста, што немаш свој простор малку да се повлечеш и одмориш од другите. За ВЦ и вода се снаоѓавме од ресторан блиску до нас.
Ова е поекстремна опција но сепак би набројала неколку основни работи:
1. Ламби ламби ламби, батерии, светлина! (и во камп со плаќање да сте, ако сакате полесно да се движите навечер, до плажа до одредени места, задолжително имајте мали сијалички, батерии или ламби)
2. Плинска боца (за готвење се живо и диво)
3. Тенџериња, тавчиња, садови (бидете практични но и компактни, земете поуниверзални тавчиња/тенџериња што би ги користеле за повеќе работи а нема да одземат многу простор)
4. Соларен полнач за телефони, или полнач за во кола
5. Шатор, вреќа
6. Вреќа за садови, Везилка во Веро ги видела, јас и во Меркур ги имам видено а во Џамбо во Грчка купив
7. Најголема уживанција беше на лулашката! Се тепавме кој да полежи, а сега се многу ефтини и вреди да се закачи на дрва нема да погрешите :)
8. Аутан стик, најлесно се нанесува
Сега за сега толку ми текнува, ќе допишам за друго..