| 
	   
	    | 
		    
			  | blue_blue ->  RE: Беби рецепти  (20.7.2010 14:02:48) |  
			  | еве неколку рецепти  - проверени[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
 
 плав патлиџан, 2 црвени патлиџани и 5-6 зелени пиперки. Ова го варам на пареа околу 30 минути. После варам гриз со вода (200 грама вода со две супени лажици гриз) и го додавам во зеленчукот. Зленчукот го мешам со гризот, малку блендирам и додавам многу малку сол, ладно цедено маслиново масло и 1 чешне лук. Моиве лани лето се деавеа во ова (имаа 10 месеци), а еве и оваа година го сакаат. Оваа количина ми е доволна за двете за два ручека (јас им готавм преку еден ден, денес правам - јадат пола, пола ставам во фрижидер и го јадат утре).
 
 риба филет - панга смрзната од Калиманис (овие ми се најубави), 2 црвени патлиџани, 1 целер, 2-3 моркови, 1 тиквица, 4-5 пиперки, брокула. Се варам на пареа, на крај ставам магдонос и тој да се обари малку на пареа. Миксам се, додавам ладно цедено маслиново масло и малку сол. Цедам и лимон. Ова е најдобар начин да јадат риба зошто нема ни да забележат дека јадат риба!
 
 Бисквити плазма со малку мед и млеко им додавам банана и малку несквик - супер вечера!
 
 Мусли (било какви кои ги купувате дома) им додавам кајсии, праски или било кое друго сезносно овошје, малку вода и мед - се ова миксам и имаме супер вечера.
 
 Во млекото кое го пијат и навечер и насабајле им ставам 2 мерици житна каша од Нестле (8 житари и мед) или од ХИП овес и јаболко житна каша. Ем ги држи како убав оброк, ем млекото е многу поубаво за пиење.
 
 
 |   
	          | 
 |  |  |