| 
	   
	    | 
		    
			  | Hopeful RR ->  RE: Беби рецепти  (22.1.2016 11:50:50) |  
			  | Да споделам пар комбинации кои излегоа хит, и на барање на публиката ги повторувам:
 
 За појадок:
 - Просо, суви сливи, круша, банана, кокосов путер. Има оревест вкус и и двајцата седеа со отворени усти, едвај чекаа да им дојде ред.
 - Кафеав ориз, банана, цимет. Ептен е едноставно, ко сутлијаш, и се потепаа од јадење.
 - Палента, јаболки, банани, кокосов путер. Првиот пат кога пробаа палента поминав неславно, ама вака направена ја јадеа со сласт.
 
 За ручек:
 - Црвена леќа, благ компир батат (бел), морков, ацедофилен јогурт. Им правев авион со лажичето и Ј не чекаше да му дојде, туку одеше со главата кон него, е толку сакаше да јаде.
 - Грашок, благ компир батат, авокадо и сосема малку кисело млеко/ацедофилен јогурт. Што да ви кажам, интергалактички хит.
 - Обичен компир, грашок, морков, кисело млеко. Руска салата за бебиња [sm=smiley36.gif]
 |   
	          | 
 |  |  |