| 
				  AnnaMolly RR ->  RE: Беби рецепти  (7.7.2012 15:39:17)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Јас вака правев спанаќ (исто го правам и сега, единствената разлика сега е што ставам плус црвен пипер).      Го кинам спанаќот поситно. Ставам маслиново масло во тенџерче, пропржувам кромид, го пропржувам спанаќот, го пропржувам оризот, ставам вода и 1/4 мала лажица вегета. Откако ќе биде сварен оризот и ќе испари водата, значи готово е. Тогаш ставам едно матено јајце озгора и го ставам во рерна додека се зготви јајцето. После со кисело млеко или јогурт е милина за јадење.      Да напоменам дека го готвам на рингла, на двојка, само кога ќе ставам јајце го потпекувам во рерна едно 10 минути.   Инаку, да напоменам дека и јас во се ставав вегета. И сега ставам вегета, не сол. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |