| 
				  AnnaMolly RR ->  RE: Беби рецепти  (5.4.2012 8:32:38)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Вака јас правам спанаќ за Филип, има скоро 2 години.      Го мијам спанаќот и го сечкам грубо колку да не бидат цели листови. Во мало тавче (како за јајца пржење) пржам кромид на маслиново масло, го додавам оризот, го пропржувам малку и го додавам спанаќот и него го пржам. Потоа го полевам со вода, ставам вегета и малку црвен пипер и го оставам на рингла на двојка да си се вари.   Кога оризот ќе биде сварен, матам едно јајце и го додавам на спанаќот, промешувам и оставам уште 5-10 минути максимум да се зготви.   Веднаш го јадеме со кисело млеко исклучиво. А никогаш не ставам месо во спанаќот, само јајце.      Кога беше помал, пред да наполни година, му пржев кромид на путер или маслиново масло, го додавав оризот и спанаќот малку да се пропржат и ги полевав со вода. Зачинував само со малку вегета, без црвен пипер.   Така го оставав исто на рингла убаво да се свари оризот, а на страна варев јајце и после во чиничето му ставав спанаќ и жолчката, пасирав и ставав кисело млеко и се давеше во спанаќ.    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |