Еца -> RE: Домашни миленичиња (18.6.2009 8:35:51)
|
Истажувањата на британски научници покажуваат дека кај децата кои имаат „миленичиња" се развива појак имунитет, па се поотпорни на разни инфекции и поретко остануваат на боледување. Психолозите го истакнуваат значејњето што го имаат домашните миленичиња врз децата. Јелена Врањешевиќ, развоен психолог, вели дека животните на децата им се пред се, еден вид играчки. „Љубимците имаат неколку важни улоги во развојот на децата", вели таа и истакнува дека низ нив, кај малите деца се развива одговорност затоа што имаат нешто, за што треба да се грижат, да го хранат, чуваат, да го шетаат и сл. Многу е важно на детето да му се исполни желбата и да му го купиме љубимецот што го посакува, а не да му наметнуваме друг. Родителите одбегнуваат да му купат љубимец на детето, најчесто поради зголемувањето на обврските, хигиената како и фактот дека смртта на љубимецот може тешко да му падне на детето. „Загубата и смртта се дел од животот и тоа децата треба да го научат и да го разберат", смета Јелена Врањешевиќ. „Им советувам на родителите, доколку се во можност, да му купат милениче на своето дете и притоа многу е важно однапред да се договорат кои се обврските на детето, а кои на родителите".
|
|
|
|