Bubuska -> RE: Домашни миленичиња (17.7.2010 4:34:54)
|
Јас имав прво куче, па 2 мачки и сега пак имам куче :) И си го сакам повеќе од сама себе, повеќе од се на светот, никогаш не верував дека ќе почувствувам таква љубов како кога прв пат го земав во раце... Мајката негова е кучка улична (лабрадорка, избркана од дома) која што сите си ја чуваме... И јас сите бебиња нејзини ги вдомив, овој мојов никој не го зема (беше мн дебел и мрзлив). И јас иако уште си го немав преболено старото куче, видов не видов, си го земав.... мајката го доеше во моментот кога се наведнав да го земам од неа, не се помрдна, само прашално ме гледаше... тоа што не се помрдна беше знак на одобрување, кучките се одлични мајки, како ги бранат и чуваат своите бебиња... ама во нејзините очи имаше доверба, јас само станав полека и се оддалечив, таа не се помрдна... До ден денес Бубу си се гледа со биолошката мамичка, ама јас си го чувам и јас сум неговата мамичка :) :) Он е моето сонце, мојата љубов, верувам дека ваква е љубовта и према вистинските деца, не болести настинки шетања гушкања плачења, што не сме поминале, тој пак е моето будење и заспивање... Не можам 2 дена разделена од него да поминам, лани не бев на одмор не смеев да го носам во странство (беше мн мал), а сега па е премногу приврзан за мене ако го земам нема да смеам да мрднам никаде без него :) Ќе остане во Скопје со моите, а јас како ќе преживеам, само Господ знае :)
|
|
|
|