Bethany -> RE: Болки во грбот во бременоста (19.12.2013 15:01:51)
|
Калциумот има клучна улога на здравјето на коските, а грбот како столбот на телото, а посебно во бременоста каде што под притисокот и растот на стомакот , најмногу се чувствува болка во тој дел бидејќи мора да биде најсилен и ја носи тежината. Калциумот помага при зацрвстувањето на коските и во комбинација со магнезиум управуваат со мускулната активност : калциумот ја поттикнува контракцијата на мускулите, а маглезиумот ги олабавува, така да бидат во рамнотежа. Некои од симптоми на недостиг на калциум се: болка во зглобовите, кршливи нокти, инсомнија, болка во мускулите, екзема, вкочанетоста на рацете и нозете. Ако се сомневаш на нешто па може и да го провериш, јас никогаш го немам проверувано, а во бременоста пиев додатно само магнезиумот, бидејќи јас па чувствував повеќе грчеви во матката и стомакот, па ми помагаше. А калциумот пиев шумливи, ама дали неколку пати само.
|
|
|
|