marchi -> RE: Целулит (28.11.2013 16:31:29)
|
Како да си направите ефективна масажа? За да си направите една ефективна масажа ви е потребен природен мед и масло за масажа. Маслото може да биде од лаванда, нане, лимон, портокал, еукалиптус или некое друго, кое ви е подостапно. На секоја чајна лажичка мед, додајте 5 капки масло или микс од различни масла. Ако ги масирате само задникот и бутовите, доволни ви се 2 чајни лажички мед и 10 капки масло. Медот и маслото смешајте ги непосредно пред да ја правите масажата. Ако користите различни масла најдобро е прво да направите смеса од нив и потоа да го додадете медот. Смесата која сте ја приготвиле нанесете ја на рацете. Потоа премачкајте ги областите засегнати од целулит. Дел од смесата треба да остане на вашите раце. Залепете ги рацете на телото и полека одлепувајте ги. Во почетокот правете го тоа бавно и внимателно. Откако ќе се привикнете, започнете посилно да ги прилепувате и побрзо да ги одлепувате рацете. Масажата треба да трае од 5 до 10 минути. Потоа отстранете ја смесата со топла вода. Премачкајте го телото со хидратантен лосион или млеко. Се препорачува оваа масажа да ја практикувате 15 дена.
|
|
|
|