Bethany -> RE: Новогодишна трпеза (30.12.2013 12:02:24)
|
Женски, да ја активираме темава во 5 до 12 [sm=smiley36.gif] Што ќе спремате за новогодишна трпеза? Ние дека сме самички, мислам овака: кифлички, има едни замрзнати лиснати стапчиња куповни , некоја салата- се мислам помеѓу салата со пченка од АнеЛав или една со ананас, ориз и пилешко. Потоа ќе испечам месо (кременадли), свежа салата, и сега за благо уште не знам... да правам некоја торта, и ако правам, не знам каква би направила, или едноставно да купам? Што предлагате? Кажете ваши идеи... [sm=smiley1.gif] А да, би сакала да имам и сарма онаа класична, немам јадено сто години, ама не ми се прави и експериментира кога никогаш порано немам правено, па така ништо од сарма годинава. Ќе биде и одвишок, премногу храна за само нас двајца, така да сарма ќе јадам за Божиќ од свекрва ми [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|