Snowhite RR -> RE: Бебе/дете на свадба? (19.8.2012 11:53:44)
|
И јас сум против носење на дете на свадба, освен кај ептен блиски, брат, сестра. М еднаш само го зедовме со нас, во април оваа година, кај прв братучед од мм, ама нели рано сега почнуваат свадбите, плус и салата ни беше блиску до дома, така да рековме само кратко на 1-2 саата и ќе го вратиме дома. Па толку и издржа, кога почна свадбата беше многу интересен на сред сала стоеше и со штракаше со рачината, орото околу него вртеше, тој игра на средина[sm=smiley36.gif], после уште малку потрча, на оро го зедоа да поигра и од прилика по 1 - 1.30 почна да плачи нервозно, да ги трија очите за спиење, најверојатно од луѓето и гласната музика и го однесовме дома и после ние се вративме. Сега следна свадба на која би присуствувал, здравје, би била од брат ми, нема шанси кај вујче да не оди на свадба (само уште вујна да се најди[sm=smiley1.gif])
|
|
|
|