Bethany -> RE: лек за кашлица (1.9.2013 13:06:08)
|
Кашлицата често доаѓа со болестите на дишните патишта и е симптом кој најтешко го поднесуваме кога детето ни е болно. Како да му помогнете на детето? Старите бабини рецепти за сируп, чаеви или инхалација се навистина корисни начини како да се ублажат симптомите на кашлицата, ама само ако знаеме кој чај и која постапка да се примени кај која кашлица. Треба да разликувате продуктивна од непродуктивна кашлица Можеби веќе сте слушнале од вашиот лекар за продуктивна или непродуктивна кашлица. Кај продуктивната кашлица станува збор за влажно кашлање при што детето искашлува секрет. За ваква кашлица се работи и кога детето не може да го искашла секретот кој е заробен во дишните патишта, па делумично после кашлањето го голта. Таквата кашлица се лечи со тоа што се поттикнува искашлување на секретот кој го отежнува дишењето и го забавува лечењето на воспалението. Друг вид на кашлица е непродуктивната кашлица. До нејзе доаѓа поради надразнетост и сувост на слузницата на грлото. Тоа е причина зошто кај оваа кашлица нема секрет. Целта на лечењето, за разлика од продуктивната кашлица, е да се смири кашлицата, така да се смири чувствителноста на слузницата, да се поттикне нејзиното обложување со заштитен слој слуз и на тој начин да се избегне продолжување на кашлицата. Помош дома Прва помош за кашлица се чаевите, домашниот сируп и инхалирањето со топли чаеви. Покрај домашните или купечките сирупи, кај продуктивната кашлица од пресудна важност е да се пијат многу течности, по можност топли чаеви, кои ќе го разводнуваат заробениот секрет и ќе го подобрат искашлувањето. За продуктивна кашлица односно искашлување се користат чаеви од темјан, анасон, бршлен, мајчина душица, нане, еукалиптус, бозел, бор, лопен, јаглика...Потребно е да се пијат, ама со нив и да се инхалираат дишните патишта. Ако кашла детето без секрет, кашлицата го мачи бидејќи нема олеснување со искашлување, а поривот за кашлање често се јавува. Таков вид кашлица смирувајте го со чаеви од трпутац, корени и листови од слез или столисник (позната како ајдучка трева). Кај овој вид кашлица посебно е корисна инхалацијата бидејќи со тоа иритацијата на слузницата се третира на благ и неагресивен начин. Во врска со лечењето на кашлицата постојат билки кои можат да се користат кај двата вида на кашлици Тоа се исландскиот лишај и бршленот. Затоа сирупите за кашлица неретко се направени всушност од овие билки, бидејќи истовремено поттикнуваат разводнување на секретот и искашлување кај влажната кашлица, а кај сувата кашлица ја смируваат слузницата и поттикнуваат создавање на заштитниот секрет. Домашни сирупи за кашлица За продуктивна кашлица - за искашлување на секрет Во сад ставете 200 г. шеќер, 200 мл. Вода, 1 лажица ленено семе, 1 лажица жалфија, 1 лажица бел слез и 1 лимон исецкан на коцки заедно со кората. На умерен оган варете околу 30 минути, потоа исцедете и по желба засладете со мед. Користете го како сируп, неколку лажици на ден. За непродуктивна кашлица - за смирување сува кашлица На пролет наберете смрека, елка или бор. Во стаклен сад ставете ред гранчиња па обилно посипете ги со шеќер. Повторувајте ја постапката додека не го наполните садот. Последниот слој нека биде шеќер. Стаклениот сад покријте го и ставете го на сонце. Важно е садот да биде неколку седмици на сонце додека шеќерот не се стопи. Кога ќе добијат смеѓа боја, а шеќерот ќе биде потполно стопен, добиениот сируп исцедете го. Побрза постапка: 5 дланки од смрека сварете ги во 1 л вода, оладете и исцедете. Варете ја течноста со 1 кг шеќер или мед. Гответе додека не добиете густина на сируп. Извор. СеЗаДеца
|
|
|
|