Џесика -> RE: Лек за кашлица (14.5.2012 11:17:22)
|
Натушка, сирупчињата се многу деликатни за кашлица, и ако на некое дете му прија, може на Кико нема... јас така еднаш се зезнав, сестра ми користеше од Боквица и као ај да пробам јас, и се напивме двајцата и се откорнавме од кашлање, значи сирупот и да немаш за искашлување, ќе те тера да кашлаш, ќе ти го дразни грлото... ние си го најдовме сирупчето за кашлица, тоа е Мукоплант од Др.Тајс од тегавец, и „Лаку ноч“ за пред спиење и во текот на ноќта... презадоволна сум, поготово од овој ноќниов... а за природен сируп, имам направено еден со црвено вино, кромид и мед, го имам пишано, нас добро ни делуваше поготово за сува кашлица...
|
|
|
|