baby_bump -> RE: Болки во грбот (7.1.2011 12:56:58)
|
Ист случај и кај мене. Кога ја бањам малата во подгрбавена положба, не можам да се исправам неколку минути, некогаш се плашам дека ќе останам во таа положба... Мислам дека анестезиите како што читам во горните постови, немаат врска со оваа појава, затоа што јас се породив природно, а грбот сепак ужасно ме боли, поготово наутро кога ќе станам. Можеби има повеќе причини, прво неприродната положба на телото за време на бременоста, чинот на пораѓање и лежење на боксот со часови, потоа доењето, држењето на бебето скоро по цел ден, голата половина додека ја дојам и т.н. Масажи помагаат, а добро ми доаѓа и масажерот од топ шоп, навистина помага, но само до следното утро кога болката пак е присутна.
|
|
|
|