Ановулаторен циклус (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Палешка РР -> Ановулаторен циклус (17.6.2009 13:16:34)

Додека нормалниот менструален циклус кај жената обично трае 28 дена и се состои од фоликуларна, овулаторна и лутеинска фаза, по што следи менструација или бременост, ановулаторниот циклус настанува кога не дошло до овулација. При ановулаторен циклус, можно е да се продожи менструалниот циклус, и над 35 дена. Кај жените кои редовно не овулираат мора да се проверат причините за тоа преку медицински прегледи. Често се даваат лекови за да се поттикне овулацијата.
Кај секоја жена постојат месеци во кои таа не овулира во зависност од разни надворешни фактори, болести итн. Тоа не значи дека следниот месец нема да се случи овулација.
Дали некогаш ви бил утврден ановулаторен циклус, како проблем за забременување?




Melanija RR -> RE: Ановулаторен циклус (14.5.2012 0:44:49)

Хм интерено
Пред воопшто да планирам брак и деца на неколку наврати на ехо не се установуваше дека имам овулација,но бидејќи не бев во план за тој дел од животот ми велеа кога ќе планираш не е проблем ќе се стимулираш и се ќе биде во ред.
Да сега реагирам на стимулација,но зошто имам ановулаторни циклуси а при тоа одсекогаш имам редовен циклус најкасно до 31 ден.Се уште не ми е јасно како е ова можно.
Налик полицистични јајници,редовен циклус,ановулаторни циклуси,да рече ме ок пролактин.......како е можно [sm=smiley36.gif]
Што би рекла Сајна ова се е квантна физика и нема правила [sm=smiley1.gif]




Страница: [1]