Anonimen -> RE: Колку човек да трпи? (6.11.2010 18:24:05)
|
Долго време размислувам дали да пишам во темава , не сум тип што лесно ги открива своите маки ама чувствувам дека веќе неможам сама да се носам со проблемите па решив да ги споделам , не очекувам решение на проблемот, но ако некаде грешам поправете ме. Во брак сум 7 години и првите две имавме идеален брак на кој сите ни завидуваа но откако останав бремена со второто дете се тргна наопаку, мм почна да одбива секс со образложение да не го повредиме бебето, но и откако се породив ситуацијата еве неколку години е иста одбива секс и ако истиот се случи на мое инсистирање (1 во 3-4 месеци) трае 20 секунди колку да ме повреди, се обидував да разговарам со него во што е проблемот, но тој негира дека постои проблем, одбива да оди на лекар, му купив таблети на природна основа за подобрување на либидото нои и нив одби да ги пие, но проблемите не завршуваат тука, порано барем ме почитуваше и мене и моето мислење, а сега единствено што му е важно е она што мајка му ќе го каже, атаа ( за илустрација кога работеше мм и се повреди на работа, беше неподвижен, мајкаму дојде да го посети дури по 2 дена-со празни раце се разбира- и коментар дека таа неможе да помага да се снаоѓаме како знаеме,) јас сама , вработена со две мали деца и маж врзан за пистела се изборив со се, бидејќи само јас работам пари нормално не стигаат (а неговите имаат поголеми пензии отколку мојата плата) само коментираат а тој ги цитира дека јас не сум домаќинка затоа не ни стигаат пари и кога ќе му споменам да побара помош од нив тој коментира од типот зар малку е помагаат да не се тие ти за леб ќе немаш а на прашање што не помогнале тој одговара па минатиот месец не поксанија на ручек, секогаш кога ќе дојдат на гости им носат чоколасди на децата и сл. Со сета сила се трудев да го задржам бракот, ама повеќе немам сила, ( а и немам помош од никого), на моменти го барам проблемот во мене а на момент размислувам да одам и по баби (иако не знам каде ниту пак многу верувам во такви работи-ама давеникот и за сламка се фаќа) секој добро намерен совет е добредојден иако и не очекувам дека некој има трпение да прочита толкав пост ама морав да споделам со некого - БАРЕМ ДА МИ ОЛЕСНИ НА ДУШАТА
|
|
|
|