Анализа на крв- толкување на резултатите (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


BEBICA -> Анализа на крв- толкување на резултатите (14.1.2010 10:26:26)

Лабораторискиот преглед на крвта кај пациентите е еден од најважните показатели за ситуацијата на организмот и укажуваат на некоја скриена или веќе манифестирана болест.

Секој човек во зависност од телесната тежина има од 5 до 8 литра крв, која го снабдува внатрешните органи со кислород и хранливи материи, содржи бели (леукоцити) и црвени (еритроцити) кои претставуваат одбранбену ќелии на организмот.

Анализа на крвта спаѓа во стандардна процедура на секој преглед, посебно ако пациентот се жали на симптоми кои не укажуваат на конкретно заболување и помага при поставување точна дијагноза.
Kај дијагностицирани заболувања кај кои лечењето е во тек, анализата на крвта укажува на успешно применета терапија.

Најчести анализи:

Седиментација - нормална вредност 10 и 20mm/h ,доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.
  • M (20-50 год) 3-13 mm/h
  • M (над 50 год) 2-23 mm/h
  • Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h
  • Ж (над 50 год) 5-28 mm/h
Крвна слика - Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.
  • RBC - Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.
  • WBC - Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.
  • PLT - Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.
  • Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.
  • Глукоза - Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта.Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.
  • Hct - удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв.
  • MCV - Среден обем на еритроцити.
  • MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.
  • RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.
  • MTV - Просечен среден обем на тромбоцити
Состојба на црниот дроб

Во внатрешноста на црниот дроб се чисти крвта и се разградуваат супстанци кои се најважни за живот.Три најважни ензими се GOT чија нормална вредност е 5 до 15u/l, GPT - 5 до 19u/l и GGT со нормална вредност 4 до 18 u/l.


Состојба на бубрезите
  • Urea- Нормално 1,7-8,3 mmol/l
  • Креатинин - нормално мажи 62-106, жени 44-80 umol/l
Панкреас
  • S-алфа амилаза - нормална: 28-100 IJ/I
  • U-алфа амилаза - нормална: - 0-450 IJ/I Зголемено ниво укажува на пореметување на функцијата на панкреасот(производство на инсулин)

Железо е еден од есенцијалните олигоелементи во организмот, составен дел од хемоглобин, миоглобин и многу ензими.Главно складиште на железото е ретикулоендотелниот систем, црн дроб, коскена срж, бубрези.Концентрацијата на железо во серумот е определен од неколку фактори вклучувајќи апсорпција од црева, депонирање во цревата, црниот дроб, слезина и коскена срж, губење хемоглобин и синтеза на нов хемоглобин.
Заедно со хемоглобинот, еритроцитите и параметрите кои ја одредуваат морфологијата на еритроцитите(MCV, MCH и MCHC) пружа увид за состојбата на коскената срж.Определување само на железото нема никакво значење за дијагноза на анемија.
Нормална вредност: мажи 10,6-28,3;жени 6,6-26,0 umol/l

Штитна жлезда - Лачи хормон тироксин (Т4) и триодтироксин (Т3).Двата се неопходни за добра работа на метаболизмот.Се мерат вредностите на Т4 хормони и слободен FT4 кој не е врзан за белковини.Нормална вредност на вкупен T4 хормон е 58 - 161nmol/l, а на FT4 тироксин е 10.3 - 23.1pmol/l.

Масти во крв
  • Холестерол нормална вредност < 5,2; Висок > 6,2 mmol/l
  • HDL холестерол(добар) нормален > 1,54; Низок < 1,0 mmol/l
  • LDL холестерол (лош) нормален < 2,6; Висок > 4,1 mmol/l
  • Триглицериди нормална вредност < 1,7; Висока > 2,3 mmol/l
Електролити
  • Натриум (Na) - 139-154 mmol/l Намалено ниво кај бубрежно болни
  • Калиум (К) - 3,8-5,3 mmol/l Зголемено ниво кај бубрежно болни
Анализа на крв би требало да направите барем еднаш годишно иако немате никакви здравствени проблеми, затоа што раното откривање на болеста е од пресудно значење за поуспешно лекување.




pacuvce -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (14.1.2010 10:28:19)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за Бебица...Одлична тема...Мислам дека недостасуваше на форумов...




BEBICA -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (14.1.2010 10:30:10)

Па мислам дека ке биде од корист за многумина.И јас некогаш сум збунета а најчесто матицниот докрот кажува дали е во ред или не но не објаснува детално.




profesorica -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (14.1.2010 10:30:20)

сега конечно ќе можеме сами да си ги толкуваме резултатите од крвните слики.мене искрено некои кратенки не ми беа јасни

одличен 10 БЕБИЦЕ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




arh_diz -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (14.1.2010 10:34:03)

Браво бебица . Јас праве во саботата резултати на крв се беше добро само Д диметор ми беше малку покачен но гинекологот рече можеби е од тоа сто сум повракала сум изгубила многу вода. Дај боже да е така за 2 недели пак треба да правам анализи ако не лелле инекциии




profesorica -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (14.1.2010 10:34:59)

арх_ диз ај сега немој така одма инекции- ќе видиш се ќе биде во ред[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




ripce -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (14.1.2010 10:40:21)

минатата недела кога ме примија со алергијата ми правеа анализа на крв и урина... од споредбата со овие вредности колку што можам да забележам сите вредности горе доле се во нормала, освен гликемијата 8,3... доста ми е покачена, веројатно тоа се должи на сето благо што го изедов за празниците[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ќе морам малку да се воздржам од благо инаку нема многу да биде за смеење.




Aceva -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (18.1.2010 1:33:46)



Доволна е само една капка крв за да се провери крвната слика. Крвната слика, како што велат лекарите, е огледало на нашето здравје. Затоа е корисно повремено да ја проверуваме крвната слика.
Намалениот број на црвени крвни зрнца (еритроцити) и намаленото ниво на хемоглобин во крвта може да ни укажат на присутна слабокрвност или анемија. Енормното зголемување на црвените крвни зрнца, исто така, може да биде показател на повеќе заболувања.
[image]http://www.rak.mk/images/stories/ordinacija/20090519_or01.jpg[/image]
Зголемениот број на бели крвни зрнца (леукоцити) во крвта е знак за воспаление или за постоење на некое воспалително жариште скриено во организмот (гранулом на заб, воспаление на мочниот меур – цистит, бактериска инфекција на мочните патишта и друго), но е знак и за некои други посериозни заболувања.
Намалениот број на бели крвни зрнца односно леукопенијата најчесто е знак за вирусна инфекција, но може да се јави и при земање на одредени лекови, а е знак и за некои потешки заболувања. Леукопенијата не се лекува, туку се лекува причината која довела до појава на леукопенија односно до намален број на леукоцити во крвта.
Зголемениот број на тромбоцити т.е. крвни плочки во крвта, може да ни укаже на ризик за појава на тромби, бидејќи тромбоцитите учествуваат во згрутчувањето на крвта и во запирањето на крварењето.
Лабораториските анализи се неопходни за да се постави точна дијагноза. Земањето на крвта трае многу кратко и скоро е безболно. За повеќето лабораториски анализи на крвта не е потребна некоја посебна припрема. Сепак, за да се добијат поточни резултати обично се препорачува да не се јаде 12 часа.
Од лабораториски анализи се прават: анализа на крвта и на мочката. Со овие анализи може да се види состојбата и функцијата на бубрезите, црниот дроб, коскената срцевина, панкреасот.
Кога станува збор за лабораториски испитување на крвта, тоа подразбира два вида на анализи.
Едните анализи се состојат во испитување на видот, бројот, односот и изгледот на крвните елементи (црвени и бели крвни зрнца и крвни почки). Таа анализа е позната како крвна слика.
Со другите аналзи се проверува биохемискиот состав на крвта и врз основа на тие анализи се утврдува функцијата и состојбата на поедни органи и ткива.
За да се провери крвата слика доволно е да се земе крв од прстот, додека за поопсежните биохемиски анализи на крвта, потребно е да се земе крв од вена на раката.
Како функционира црниот дроб и каква е неговата состојба покажуваат неколку анализи на крвта, како мерење на нивото на ALT, AST, гама GT и билирубин. Зголемените вредности на било кој од овие анализи укажуваат на оштетување на црниот дроб, но и на некои други заболувања. така на пример, зголемените вредности на билирубинот во крвта укажува на опструкција (зачепување) на жолчните патишта, а зголемените вредности на AST во крвта може да бидат показател на некое мускулно заболување.




Bogdancanka RR -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (18.1.2010 12:10:03)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Браво Бебица прекрасна е темава бар понешто да ни биде јасно,а не кога ке видам резултати да се чудам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]






Janka -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (21.1.2010 20:47:35)

Здраво на сите! Ја сум Јанка и сум во 29та недела од бременоста, и редовно си го посетувам сајтот и форумот, супер е! [sm=bravo.gif]
Кога веќе разговараме за толкување на резултати, се надевам дека ќе може некој да ми помогне...дали ви се познати фактор 8 и Билебранд? Анализа на крв за овие два фактора се прави на трансфузиологија, а двата фактора се поврзани со згрутчување на крвта....денес ги добив резултатите и излезе дека крвта се згрутчува повеќе (и побрзо) отколку што е нормално....на пример нормални вредности се од 60 до 120 % а мене ми е 186 % [sm=zmeden.gif]
Ме интересира дали некој правел вакви анализи? Утре повторно треба да одам на клиника да направам испитување затоа што сакаат да ми ја следат состојбата, а мене одењето таму ми е голем стрес [sm=smiley13.gif]




Еца -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (27.1.2010 8:35:00)

Драги мои уште од сега срцето ми се стега, резултатите за Мила се конечно готови и денес одам на имунологија да видиме какви се. Ќе ви пишам подоцна иако јас се сомневам дека ќе покаже алергија на одредена храна, поточно млеко, ќе ве информирам штом се вратиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mami -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (27.1.2010 8:39:22)

И ние денес бевме да ни вадат крв. Мора да го провериме железото и во понеделник конечно на вакцина




Iva -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (27.1.2010 8:42:58)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]За Еца, се надевам дека се ќе биде во ред. Ќе чекам да пишеш.




arh_diz -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (27.1.2010 8:48:12)

Eca alergija na hrana i prenoslivost ( neznam kako da go prevedam na mak se dva razlicni poima)
Eden moj prijatel pravese test alergija na hrana i mu pokaza deka mlekoto za nego e super. A toj samiot ima poteskotii so mlekoto koga go konzumira. Posle go pravese ovoj vtoriot test i tamu se pokaza deka mleko nesmee da konzumira




mami -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (27.1.2010 8:52:33)

Еца не се секирај, барем ке си на чисто од што е и ќе знаеш како понатаму[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




vezilka RR -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (27.1.2010 8:54:34)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] за Еца..се ќе биде во ред. Чекаме да ни пишеш кога ќе се вратиш..




bablgam -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (30.1.2010 1:04:52)

Denes na malata i pravevme krvna slika ...se bese vo red samo hematokritot i bese30.6(32.0-44.0)sto znaci ispod dolna granica.Dr ni rece malku krvta i e razredena[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Moze li nekoj da mi objasni sto vsusnost e HEMATOKRIT i dali e nesto seriozno.Inaku hemoglobinot ni e 112(95-135),eritreocitite 4.42(3.20-5.20)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




caci20 -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (30.1.2010 8:59:13)

Hematokritot e procent na crveni krvni kletki vo krven primerok. Se meri vo procenti. Primer hematokrit od 25% znaci deka ima 25 mililitri na crveni krvni kletki vo 100 ml. krv Normalnite vrednosti na hematokritot zavisat od starosta, polot na individuata itn. Normalni vrednosti se:
Novorodence 55 - 68%
Bebe edna nedela 47 - 65%
Bebe eden mesec 37 - 49%
Bebe tri meseci 30 - 36%
Godinace 29 - 41%
Na deset godini 36 - 40 %
Vozrasni mazi 42 - 54%
Vozrasni zeni 38 - 46%
Ovie vrednosti moze da se razlikuvaat pomegju labaratoriite.
Obicno namalen hematokrit e znak na anemija




elence -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (25.2.2010 9:51:46)

Zdravo Bebica, bravo za temava.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Znaev deka i za ovaa problematika ke najdam informacii na Ringeraja [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Me interesita sto znacat pokaceni limfociti i sto se toa limfociti?  Referentnata vrednost e 25-42%, a kaj mene se 44.2%
Isto taka namaleni mi se eritrocitite 3.9, a  hematokritot mi e na dolna granica (znam deka ova e anemija)
Sedimentacijata mi e isto taka pokacena 12/26 i sekerot mi e na gorna granica 6.11
Ti gi pisav i drugite poremeteni vrednosti, ako ti znacat nesto odnosno da ne imaat nekoja povrzanost so pokacenite limfciti.




BEBICA -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (25.2.2010 10:43:36)

Limfocitite proizveduvaat antitela i ucestvuvaat vo odbrana od virusi.

Zgolemeniot broj na limfocitite(limfocitioza) znaci: virusni infekcii( Epstein barr virus, citomegalovirus, rubeola), toksoplamoza, bruceloza.

Namelen borj na limfocitite( limfopenija) se javuva kaj lecenje so kortikosteroidi, infiltracija na koskenata srz, AIDS, pri primena na radioterapija i hemoterapija.

Elence sepak treba da go zajaknes organizmot.Normalno vo konsultacija so tvojot lekar.




BILJANA_G -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (25.2.2010 15:48:28)

A za tocni rezultati za sedimentacija,mora od vena ili se edno e.Na Angela i zemaa od prste ne uspea sestrata da i zaeme od vena,pa mi vika ajde isto e.A prven mi vika za ispituvanje sedim.treba krv od vena.Sega so da pravam dali da i proveruvam na drugo mesto.Sto mislite.




BEBICA -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (25.2.2010 15:52:19)

Of Biljana e za ova neznam.Naiskreno




Тања РР -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (25.2.2010 16:20:14)

Билјана не се секирај, капиларната крв може да се користи за одредување на седиментација особено кај педијатриски пациенти. Проверено[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




BILJANA_G -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (25.2.2010 16:24:15)

Tanja ti se zablagodaruvam za odgovorot.




nutelizza -> RE: Анализа на крв- толкување на резултатите (4.3.2010 15:07:38)

Денес самоиницијативно бев да му проверам крвна слика и урина. По ова што гледам крвната слика му е добра и кај урината е Ок ама долу пишува bacterii 7.8 kristali triple fosfati

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

Некој за помош?




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>