| 
				  Bethany ->  RE: Говор на детето  (27.6.2014 10:24:39)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   И тука сакам да споделам бидејќи за ова област бев најзагрижена, ме има и по темава.      Значи синко ми е 2 години и 9 месеци и можам да речам дека говорот му е супер за неговата возраст.    Не изговара Р и некои други букви во зависност дали се на почеток или во средина на зборчето, ама тоа мислам дека е нормално за неговата возраст засега, па понатаму би требало и се надевам ќе се исчисти изговорот повеќе. И некои зборчиња ги извртува, пример за кечап ќе рече кепач и слично, ама сум многу задоволна.   Некогаш му е се измешано со македонски и српски, знае нешто и на англиски и така.    Битно ми е кога зборува со некого тој некој може да го разбере 90% што кажува, што е добро мислам.      Мислам дека доста помогна и градинката, почна повеќе да брбори, сега уста не затвара нон-стоп, ама ако [sm=smiley36.gif]   Додуша, во нашава градинка зборуваат на тој тетовски акцент и воспитувачките, па кога еден ден одев да го земам од градинка, Ј ми вика: мамо, ене ГО Билјана. Јас го исправам и му кажувам дека треба да каже: ене ЈА Билјана, ама воспитувачките ми викаа: па нека го, ќе научи... Ама всушност тоа од нив го слушнал, а тие не се обидуваат да зборуваат литературно а би требало.     
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |