| 
				  AnnaMolly RR ->  RE: Говор на детето  (26.9.2012 13:46:37)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   ИЗВОРНА ПОРАКА:  Felly RR      Еве една табела што ја најдов на заздравје, која го отсликува развојот на говорот.      Очекувано однесување на детето:      До 3 месеци:      - Се оддалечува кога ќе чуе силен звук   - Престанува да плаче кога ќе му се обратите   - Го менува начинот на цицање во зависност од звукот кој го слуша   - Се огласува кога е задоволно   - Различно плаче во зависност од своите потреби   - Се насмевнува кога ќе Ве види      До 6 месеци:      - Ги движи очите во насоката на звукот   - Ги приметува промените во Вашиот глас и реагира на истите   - Ги приметува звучните играчки   - И обраќа внимание на музиката   - Се огласува со повторување на определени слогови (ма, ма, ма)   - Се смее   - Го вокализира одушевувањето и негодувањето      До 12 месеци:      - Ужива во игрите со криенка   - Се врти и гледа во насоката од која што доаѓа звукот   - Слуша кога му се обраќате   - Ги препознава зборовите за предметите во секојдневната употреба (сок, книга, шолја...)   - Одговара на едноставните барања (“додади ја топката“, “дојди овде“)   - Гугањето станува поинтензивно и подолго трае   - Се огласува за да привлече внимание   - Употребува гестови за да соопшти што сака (на пример, ги подигнува рацете за да го кренете)   - Имитира различни звуци (ономатопеја)   - Околу првиот роденден се појавува и првиот збор, т.е. збор со значење      1-2 години:      - Ги покажува одредените делови од телото кога ќе го прашате за нив   - Ги покажува и именува сликите во книгата   - Одговара на едноставните барања (на пример “каде е мечето?“)   - Слуша кратки приказни и песни   - Секојдневно го збогатува својот речник   - Поставува едноставни прашања (“каде е...?“, “што е...?“)   - Спојува два збора и формира проста реченица (“дај сок“, “бебето спие“)      2-3 години:      - Ги разбира разликите во значењето (големо – мало, оди – стој)   - Одговара на две барања дадени истовремено (“земи ја топката и стави ја во кутијата“)   - Слуша и ужива додека му раскажувате подолги приказни   - Знае да ги именува скоро сите работи од опкружувањето   - Речениците се состојат од 2-3 зборови   - Секојдневно го збогатува речникот и ги проширува речениците   - Говорот на детето е разбирлив за фамилијата      3-4 години:      - Одговара на прашањата кој?, што?, каде?, зошто?   - Опишува што се случило во градинката, паркот, продавницата...   - Користи реченици составени од 4 зборови   - Во говорот не ги повторува слоговите ниту зборовите   - Со навршени 3 години треба коректно да ги изговара с, з и ц, додека со навршени 4 години, ш, ж, ч и л.   - Говорот на детето е разбирлив и за пошироката социјална средина      4-5 години:      - Заинтересирано е за кратки приказни и дава одговори на едноставните прашања во врска со прочитаната приказна   - Ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре) и ги разбира односите (прв, последен, следен)   - Разбира поголем дел од содржината која што ја слуша во домот или во градинката   - Речениците стануваат се посодржински (на пример, “најголемото црвено јаболко е мое“)   - Ги раскажува приказните и се држи до темата   - Без никакви проблеми комуницира со другите деца и со возрасните   - Ги римува зборовите   - Со навршени 5 години правилно ги изговара сите гласови   - Говорот е граматички точен (не прави грешки во однос на родот, бројот, членот и времето)          Морам на темава да го пофалам Филип, бидејќи немам многу што друго да го фалам (не е мирен, не е послушен [sm=smiley36.gif]).   Во однос на говорот, мојов дрдорко според листава е како дете од 4-5 години, а има 2 години и 3 месеци. Сите точки од последниот дел што се однесува за дете од 4 до 5 години ги исполнува, освен „ги римува зборовите“, „правилно ги изговара сите гласови“ (не ги изговара правилно „р, ч, џ и ш“) и „ги разбира зборовите кои што се однесуваат на времето (вчера, денес, утре)“. Тоа не ни е совладано, ама знае „прв, втор, следен, последен“.    Друго се исполнува [sm=bravo.gif] 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |