| 
				  ivanaa ->  RE: Рецепт за зголемување на можноста за забремнување!  (17.9.2009 20:03:26)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Ако сакате да забремените, внимавајте да внесувате доволна количина;      Bитамин Е-Добри извори се житарките, брокулата, јаткастите плодови, квасецот, леќата, зелените листовидни зеленчуци и сојата.      Витамин А - Добар извор се брокулата, зелката, кељот и карфиолот.       Витамин Ц - Добар извор се брокулата, зелката, кељот карфиолот и портокалот.      Витамин Д - Добар извор се млечните производи и лососот.      Калциум – Добар извор се сојата, брокулата, млечните производи и лососот.   Железо – Добар извор се зелените листовидните зеленчуци.   Цинк – Добар извор се квасецот, семките и сојата.   Фолна киселина – Добар извор се зелените листовидни зеленчуци, житарките, квасецот, сојата и овошјата од групата на цитруси.   Есенцијални масни киселини – Добар извор се растителните масла и рибата.      Храна која треба да ја избегнувате кога сакате да забремените      Алкохол, вештачки засладувачи, бои за храна, ѓумбир, производи од ѓумбир, тоници (пијалаци), кофеин (чоколадо, напивки, кафе, чај) натриум глутаминат и други адитиви, делумно варена или неварена храна, диети, особено оние ригорозните, аспирините и другите лекови против болка, оралните антибиотици, антихистамините и сите други лекови кои вашиот гинеколог не ги одобрил.   Макробиотичарите велат дека би требало да се избегнуваат и следните намирници: месо и јајца, шеќер, посебно рафинираните шеќери, млеко и млечни производи, протеини.          
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |