RE: Салата- рецепти! (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


miana -> RE: Салата- рецепти! (11.9.2012 9:28:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Женски абе знае некој рецепт за француска салата ,така ја викаат таму од кај што ја купувам,има внатре сигурно свежа краставица, сирење и шунка или филе,друго незнам што ставаат,ама препревкусна е.Ако знае некој да ми го пише рецептот....


Јас ја правам вака -
Краставица сецкана на коцкички
Шунка
Сиренце
Павлака и
ситно цескани ореви ( по желба )

Не ставам мајонез ( не ми оди со краставицава некако )

Инаку количините на состојките ги ставам според потребите и се од прилика
Прво сецкам краставица и додека ги сецкам другите состојки краставицата ке пушти вода па ја процедувам водата и ги додавам другите состојки ..Сиренце ставам најмалку само колку соленко да биде. и павлака по потреба.
Супер е ...




miana -> RE: Салата- рецепти! (11.9.2012 9:32:28)

Еве уште една што ја пробав вчера и многу ми се допадна.
Мали макарони
Туна ( Хепи туна или онаа од КАМ - ист производител е )
Мајонез ( строго ТОМИ за тој вкус )
и малку бибер.

Преубава е иако не звучи така [sm=smiley1.gif]




Calypso -> RE: Салата- рецепти! (11.9.2012 13:27:23)

Француската салата се прави со изварка (урда, кој како милува си ја вика).
Барем мојот рецепт е таков.
Изварка, малку посолена
свежа краставица
шунка
лукче
ореви
две-три лажици павлака
една лажица мајонез, колку да се поврзат убаво состојките.
Ама може и без павлака и мајонез ако користите изварка која се прави од кисело млеко (помрсна е), а не урдата која се прави од солило од сирење.




AnnaMolly RR -> RE: Салата- рецепти! (12.10.2012 14:13:26)

Редена салата

Две свежи краставици, 4 варени јајца, три мали павлаки, сол, бибер.

Краставиците се рендаат и се стискаат за да се исцедат.
Дното на чинијата се премачкува со павлака, озгора се ставаат рендани краставици, врз краставиците рендани јајца, сол, бибер. Врз тоа се става павлака. Пак се повторува постапката додека има место во чинијата.
И готово.

Време на подготовка: 5 минути [sm=jezicek.gif]




Luci -> RE: Салата- рецепти! (28.12.2012 15:48:03)

Јас вака ја правам пилешката салата
1 кг . пилешко бело месо варено ситно сецкано
1 тегла печурки сецкани
1 тегла кисели краставички сецкани
Павлака
Мајонез
Сол
Бибер
Одлична е! По желба може и печен сусам да додадете
Рецептава е специјално за Pepelashka RR [sm=smiley1.gif]




Pepelaska * -> RE: Салата- рецепти! (28.12.2012 16:03:09)

е фала ти многу :) , ке ја пробам




miana -> RE: Салата- рецепти! (28.12.2012 22:03:20)

Eve i od mene pileska
1kg stek varen seckan
1tegla pecurki
1kanticka pavlaka od 900gr
2-3lazici golemi majonez
1kesice senf
sol po potreba.
Prevkusna e.!!!!




Natuska85 -> RE: Салата- рецепти! (30.12.2012 0:41:39)

мммм и јас ќе си направам пилешка за 31ви вечерта или по на луци или по на миана рецептот.И француската планирам да си ја направам[sm=smiley1.gif]




caci 23 -> RE: Салата- рецепти! (5.1.2013 11:24:09)

pileska salata bez majonez

200 gr.stek
200 gr.pavlaka
3,4 vareni morkovi
3,4 kiseli krastavicki
malku seckani pecurki od tegla
rendan kaskaval
stekot se vari se secka sitno i site ostnati raboti se seckat n kocki i se mesaat so pavlakata.mmmmmmm mnogu e vkusna,posebno za onie kako mene sto ne jadat majones




Melanija RR -> RE: Салата- рецепти! (5.1.2013 11:32:14)

Оваа е супер рецепта без мајонез ем помалку калорична [sm=smiley1.gif]




caci 23 -> RE: Салата- рецепти! (5.1.2013 11:39:47)

da melanija probaj mnogu e vkusna,plus site gosti ja sakaat[sm=jezicek.gif]




Melanija RR -> RE: Салата- рецепти! (5.1.2013 11:50:45)

Ако имаш уште некој рецепт без мајонез,путер и слично пиши [sm=smiley1.gif]
А оваа рецепта обавезно ќе ја пробам




zzaa -> RE: Салата- рецепти! (5.1.2013 13:39:30)

Салата со грашок и туна
500гр сварен и исцеден грашок, се зачинува по желба ( сол, црн бибер, малку масло)
Ситно се сечка 1-2 главици кромид и се додава во грашокот, се додава 300гр туна од конзерва со се маслото и 20 маслинки ситно исечкани.
Сето ова заедно убаво се меша, се украсува по желба.
ТЕЛЕШКА САЛАТА СО ШАМПИЊОНИ
1/2 кг варено телешко месо
3 главици кромид
4 варени јајца
1 тегла кисели краставички
1 тегла сецкани шампињони
1 тегла мајонез
сол и црн бибер по вкус

Кромидот,јајцата и краставичките се сецкаат ситно(како за мајонез салата).Месото се сецка на ситно исто така и се се става во поголем длабок сад.Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот и убаво се меша.На крај се додава малку сол и црн бибер.


Урнебес салата
1,500гр урда
300 гр сецкана шунка
300гр ореви сецкани
200гр путер растопен
600 гр мајонез Томи
лукче 5 чешниња(кој сака може и без лук)
бибер и малку буковец

Овчарска салата:

1.варено јајце( го рендам најодозгора на салатата)
2.пармезан на листови
3.шунка исецкана на долги стапчиња
4.сецкан домат
5.сецкана карставица
6.кромид
7 печурки(шампињони)сецкани

Освен јајцето се друго се меша или се реди на слоеви и се додава маслиново масло и сол.




caci 23 -> RE: Салата- рецепти! (5.1.2013 14:49:53)

ne i go znam imeto no znam deka ja pravat vo bugarija

300 gr urda
200 gr pavlaka
1 sitno seckana krastavica moze i kiseli krastavicki
sitno seckana sunka
sitno seckani pecurki

slata so makaroni [za 3/4 osobi]

pola paketce makaroni
seckana krastavca
seckani pecurki
izrendan kaskaval
malku izdrobeno sirenje
1 vareno jajce
2 lazici kiselo mleko ili jogurt

jas ovaa salata ja pravam za vecera,i jas i kerkickata ja obozavame






AneLav RR -> RE: Салата- рецепти! (19.10.2013 16:04:16)

Салата со пченка
500 грама пченка од конзерва
5-6 кисели краставички - сецкани на коцкичи
100 грама било каква салама (најубава е со шунка)- сецкана на коцкички
2 павлаки
1 лажица мајонез
100 грама рендано сирење
Се се меша по желба се додава црн бибер или едно чешне лук(не мора)




miana -> RE: Салата- рецепти! (6.12.2013 11:44:42)

Дајте некоја интересна посна салата...




miana -> RE: Салата- рецепти! (6.12.2013 11:45:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Салата со пченка
500 грама пченка од конзерва
5-6 кисели краставички - сецкани на коцкичи
100 грама било каква салама (најубава е со шунка)- сецкана на коцкички
2 павлаки
1 лажица мајонез
100 грама рендано сирење
Се се меша по желба се додава црн бибер или едно чешне лук(не мора)

Керките мои се заљубија во оваа салата..Направив малце мислев дека нема да им се допадне, кога викнаа да јадат, ми беше срам од гостите [sm=zmeden.gif] [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Салата- рецепти! (6.12.2013 11:49:45)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Салата со пченка
500 грама пченка од конзерва
5-6 кисели краставички - сецкани на коцкичи
100 грама било каква салама (најубава е со шунка)- сецкана на коцкички
2 павлаки
1 лажица мајонез
100 грама рендано сирење
Се се меша по желба се додава црн бибер или едно чешне лук(не мора)

Керките мои се заљубија во оваа салата..Направив малце мислев дека нема да им се допадне, кога викнаа да јадат, ми беше срам од гостите [sm=zmeden.gif] [sm=smiley36.gif]

ja zapisav,interesna mi izgleda,pa zdravje za nova godina ke ja pravam

jas cesto pravam edna salata ,makedonska se vika,so bademi e i nema nekoj sto ne mi ja bendisal




deluxe RR -> RE: Салата- рецепти! (6.12.2013 11:55:16)

Јас често ја правам салатата со мајонез и рендан компир,јајце,салама и сирење.Многу е вкусна и нема промашај.А може да се додади и варен грашак.Не ги обожавам многу салатите со сецкани краставички во нив.Оваа салата може да се ренда и на слоеви ,и кога ќе се пресече изгледа како торта[sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Салата- рецепти! (6.12.2013 12:03:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Јас често ја правам салатата со мајонез и рендан компир,јајце,салама и сирење.Многу е вкусна и нема промашај.А може да се додади и варен грашак.Не ги обожавам многу салатите со сецкани краставички во нив.Оваа салата може да се ренда и на слоеви ,и кога ќе се пресече изгледа како торта[sm=smiley1.gif]

aaa preubava e i ovaaa...znam snaami ja pravi cesto,i stvarno nema promasaj




temjanuska75 -> RE: Салата- рецепти! (6.12.2013 14:40:53)

Еве рецепта за посна салата, која сама си ја измислив и е многу вкусна.
А дозата ќе си ја прилагодите бидејки мојата е за слава/именден.

Едно голема конзерва туна оние од Кам што се мислам дека е 1/2 килограм.
2 тегли кисели кратставички
2 тегли шампињони
едно паковање макарони од оние малите како полукруг што се или по ваш избор
2 или 3 конзерви блага пченка од Кам ги земам.
посен мајонез по потреба.
Краставичките се сецкаат на коцки, макароните се варат убаво, а шампињоните јас ги цедам,
ако не се сецкани ги сецкам и ги пропржувам на зејтин или маргарин со вегета.
А можете и со свежи печурки кои исто ќе ги исецкате и пропржите.
Туната ја цедам од маслото, ги додавам сите состојки мешам, додавам посен мајонез.
И најважнот додавам и едно пакетче кари зачин.
Да напомена дека макароните го впиваат мајонезот и купете повеќе пакетчиња отколку што ви треба,
а најдобро е непосредно пред сервирање на додадете посен мајонез.

Ај ќе Ви пишам и рецепт за посна руска салата, планирам неа да ја направам оваа година.




deluxe RR -> RE: Салата- рецепти! (7.12.2013 15:44:14)

Баш ги сакам посните јадења.И во наредната прилика ќе ја пробам салатата на Темјанушка.Пиши ми ја и руската посна салата[sm=smiley1.gif]




Tanjat7880 -> RE: Салата- рецепти! (7.12.2013 21:04:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Јас често ја правам салатата со мајонез и рендан компир,јајце,салама и сирење.Многу е вкусна и нема промашај.А може да се додади и варен грашак.Не ги обожавам многу салатите со сецкани краставички во нив.Оваа салата може да се ренда и на слоеви ,и кога ќе се пресече изгледа како торта[sm=smiley1.gif]

aaa preubava e i ovaaa...znam snaami ja pravi cesto,i stvarno nema promasaj

A moze li detalen recept za ovaa salata.....kolku,shto kako..?




Snowhite RR -> RE: Салата- рецепти! (7.12.2013 23:49:18)

И јас ја правам оваа, Тања тоа ти е по желба, рендаш прво компир, па јајце, па сирење, па салама, па мајонез и пак од почеток и се додека се потрошат состојките, јас и ставам и краставички кисели, мене па баш ми дава освежителен вкус краставичката. Во стаклен сад ако ја рендаш и изгледа декоративно, зашто секој слој е во различна боја




Палешка РР -> RE: Салата- рецепти! (11.12.2013 8:51:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: zzaa


ТЕЛЕШКА САЛАТА СО ШАМПИЊОНИ
1/2 кг варено телешко месо
3 главици кромид
4 варени јајца
1 тегла кисели краставички
1 тегла сецкани шампињони
1 тегла мајонез
сол и црн бибер по вкус

Кромидот,јајцата и краставичките се сецкаат ситно(како за мајонез салата).Месото се сецка на ситно исто така и се се става во поголем длабок сад.Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот и убаво се меша.На крај се додава малку сол и црн бибер.





ТУКА го ставив овој рецепт zzaa.
Да пријавам, да не речите кради уредничкава [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>