Pregnant -> RE: лошо сошиена епизиотомија (29.7.2010 0:13:52)
|
И мене ме сечеа за двете породувања, макар што за второто и не мораше, при самото сечење ми излезе бебето, но што е тука е. Инаку цело време велев дека за второто не ме плаши самото раѓање колку што ми е грдо тоа шиењето. И двата пати бев сечена на иста страна и отприлика исто и шиена, со таа разлика што овој пат ножичките на бабицата не и беа баш нај нај (се преклопувале, преџвакувале), па при шиењето и самата д-рка рече леле ама те пресекле лошо, па ми остана како топче поголемо. За нега првиот пат ми рекоа од болницата да ставам облоги со Ациди борици, а сега со јод растворен, и немав некој проблем со зараснувањето. А што се однесува до односите, за првото породување ме болеше до 1 година (посебно отпозади кога имавме секс), а потоа помина. А за овој пат уште е пресно да зборувам (2 ипол месеци), и само 3 пати сме воделе љубов од што ми е страв и така сум стегната, ни можам да уживам, ни ништо, туку се надевам да помине. Инаку и јас кога добивав менструација, ме болеше раната дури и при седење.
|
|
|
|