RE: причини за неплодност (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


vezilka RR -> RE: причини за неплодност (13.1.2010 16:05:59)

Противспермални антитела

Репродуктивната имунологија во последно време направи голем исчекор кон идентификување на механизмите и факторите кои се одговорни за неплодност, спонтани абортуси и различни заболувања на дезата од така наречените „високо ризични бремености“. Без разлика на комплицираната релација меѓу имунолошкиот и репродуктивниот систем на жената, проблемот на неплодност предизвикана од имунолошки фактори може да се сведе на неколку можности. Едната од нив може да биде, жената да создава имунолошка „нетрпеливост“ кон сперматозоидите, или пак таа „нетрпеливост“ да се однесува на плодот и постелката што води до нивно отфрлање како да се „непријателски“ тела. и во двата случаи резултаттот е брачна неплодност, иако резултатите од другите параметри за испитување наа плодност се уредни.

Во првиот случај, кога имунолошкиот систем на жената реагира на сперматозоидите на партнерот, продуцира така наречени противспермални антитела. овие антитела се присутни во крвотокот на жената, но и во вагиналниот секрет, матката и јајцеводите. Кога сперматосоидите ќе го започнат својот пат низ грлото, матката и јајцеводите овие антитела се „лепат“ за површината на сперматозоидите. тоа може да го уништи сперматозоидот, да го натера да се залепи за друг сперматозоид, или да го дезорентира. Во секој случај во оваа ситуација тие тешко го наоѓаат патот до јајце клетката. Дури и да дојдат до јајце клетката, со овие противспермални антитела оплодувањето е практично невозможно. За оплодување неопходен е контакт меѓу сперматозоидот и јајце клетката кој се остварува преку специјални молекули, наречени рецептори. Противспермалните антитела го прават невозможно токму ова рецепторско врзување на сперматозоидот со јајце клетката.

Во вториот случај се развива имунолошка нетрпеливост кон постелката и плодот. Во овие случаи, доаѓа до оплодување. Меѓутоа, во првиот контакт на оплодената јајце клетка со леукоцитите на слузокожата на матката, се активираат анителата кои ја уништиваат оплодената јајце клетка. Овој абортус се нарекува субклинички абортус, бидејќи е многу тешко да се докаже дека бременост воопшто постоела. Менструалното крварење доаѓа на време или касни само неколку дена.

Тераписките протоколи за за репродуктивната имунологија се базираат на агенси како што се цитокини, хормони, простагландини, антицитокински моноклонски антитела, имуноглобулински препарати, процедура на имунизација со леукоцити на партнерот итн. Целта на секоја имунотерапија е подесување на функцијата на имунолошкиот систем на жената за да се оствари имунолошка толеранција кон плодот, постелката и елиминирање на токсичните фактори како што се противспермалните антитела.




arh_diz -> RE: причини за неплодност (13.1.2010 16:08:22)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]vezilka




vezilka RR -> RE: причини за неплодност (13.1.2010 16:38:58)

..сабајле бев на клиника за ова испитување..па од таму инспирацијата..




Melanija RR -> RE: причини за неплодност (14.5.2012 0:35:40)

Темава е повеќе од одлична со многу информации и совети па сакав да ја видиме сите на прва страна и да се доинформираме ,мислам ќе помогна
[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]