ripce -> RE: компир на 100 начини (6.12.2009 9:49:57)
|
Како да подготвите компир на здрав начин Компирот низ годините некако дојде на многу лош глас кога станува збор за здравата и диетална исхрана. Но компирите иако содржат јаглехидрати, всушност се многу здрави за нас. Тие содржат витамин Ц, калиум, железо, магнезиум, фосфор, тиамин, рибофлавин, цинк, бор, фолни киселини и многу други здрави состојки. Овој вкусен зеленчук е и многу практичен бидејќи може да се подготви на безброј различни начини. Компир со тежина од 100 грама содржи околу 85 калории и нема ниту масти ниту холестерол. Но проблемот е во тоа што ние додаваме уште околу стотина калории со нездравиот начин на подготовка. Па затоа еве неколку совети како да подготвиме компир на здрав начин. Оставете ја лушпата на компирот секогаш кога тоа е возможно Веројатно веќе сте ја чуле информацијата дека највредниот дел од компирот е неговата лушпа, но всушност најголем дел од витамините и хранливите состојки се наоѓаат во компирот, но веднаш под самата лушпа. Затоа најдобро е компирот да се подготвува со лушпа, а откако е веќе сварен или испечен да се излупи. Освен тоа лушпата е одличен извор на хранливи влакна. Избегнувајте пржење на масло Ако е возможно избегнете го сосема пржењето на компирите во масло, бидејќи компирот впива страшно многу маснотија. Ако подготвувате салата од компир зачинете ја со маслиново масло, масло од кикирики, ленени семки или соја. Избегнувајте да користите заситени или хидрогенизирани масти како маргаринот и маслацот, кои го зголемуваат холестеролот. Избегнувајте готвење на претходно исецкан компир Со термичката обработка се намалува количината на витамини и минерали во самиот компир, а посебно до големи загуби доаѓа кога тој се готви излупен и исецкан. Кога го готвиме компирот неизлупен и цел, губењето на хранливите состојки е значително помало. Користете повеќе печен компир Најздрав начин за подготовка на компир е да се испече цел и неизлупен без додавање на масло. Избрете додаток со мало количество на масло, натриум и калории Ако не можете да јадете само компир, изберете додатоци како што се немасните сирења или јогурти или уште подобро зачинете го компирот со медитерански зачини како што се рузмарин, темјан, мајчина душичка, босилок, ловоров лист и слично. Намалете ги калориите и мастите во пирето Пирето подгответе го со млеко со мала масленост или уште подобро, наместо млеко употребете пилешка или зеленчукова супа, која ќе даде интересен вкус.
|
|
|
|