Natuska85 -> RE: компир на 100 начини (5.2.2011 22:17:50)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29 ПОИНАКОВ ПЕЧЕН КОМПИР СОСТОЈКИ • 8-10 средно големи компири • 200 г печурки • 200 г кашкавал, рендан • оригано • сол и црн бибер • масло за готвење ПОДГОТОВКА Компирите излупете ги и замотајте ги во алуминиумска фолија. Наредете ги во тава за печење, ставете ги во рерна на умерена температура и печете додека компирот да омекне. Потоа извадете ги компирите од рерна, и оставете ги на страна да се изладат. Кога компирот е доволно ладен да се држи во рака, исечете ги на половина и издлабете ја средината од половините, која ја оставате на страна. Во тава за пржење, на малку масло запржете ги печурките со зачин и оригано. Потоа, додадете ја издлабената средина од компирите, промешајте и пропржете уше 2-3 минути. Со оваа смеса наполнете ги издлабените компири, кои повторно ги редите во тавата за печење. Откако сите компири се наполнети и наредени, посипете ги со ренданиот кашкавал, така што ќе се покрие целиот компир. Вратете ја тавата во рерната и печете додека да се растопи кашкавалот. Јас овие ги правев вчера ама мораат многу време да се печат за да не останат внатре живи,пошто цел компир го печеш.А и на пола ако ги сечеш нема место за да се наполнат со печурките.Така јас како што е цел компир му направив одозгора дупче и го полнев со смесата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
|
|
|
|