Палешка РР -> Спиење во текот на бременоста (20.5.2009 8:39:32)
|
Бременоста е период во кој во телото на жената се случуваат не само телесно промени, но и психички. Се работи за коренити промени кои започнуваат со денот на оплодувањето. Од самиот почеток идната мајка се соочува со нова реалност која се состои од чувства, желби и потреби кои сосема се разликуваат од претходните и кои во текот на бременоста ќе се менуваат, заедно со телесните промени. Дури и ритамот на спиење во текот на бременоста има сво специфичен тек. Прво тромесечје на бременоста На самиот почеток на бременоста доаѓа до посебен облик на тромост, чувство на опуштеност и општ замор кој е пратен од зголемена желба за спиење. Веројатно, тоа чувство е последица на преоптеретеност на зголемената актовност на организмот која е наметната од бременоста. Дури и на почетокот, кога зголемувањето на стомакто и не е толку приметно, сепак организмот е соочен со зголемена активност. Веќе од првите недели од бременоста е зголемена циркулацијата на крвта која го присилува срцето на поголема работа, градите примаат повеќе кислород, а и бубрезите исто така работат повеќе. Потполно е природно да и целиот организам има потреба за долготраен одмор кој овозможува собирање енергија. Типични пореметувања во текот на првото тромесечје на бременоста, како што се мачнина и чувство на страв без некоја посебна причина, можно е зголемена потреба за мирување. Големите промени на телесната тежина се одразуваат и на психички план : нова хормонална рамнотежа доведува до создавање на невроактивни состојки во нервниот систем, а кои се прикажуваат со чувствителност и посебно расположение кај бремените жени. Овој период може да се опише како период во кој жената има потреба да се повлече. Само што дознала дека е бремена, идната мајка сака на момент да биде сама. На некој начин сака да ја заштити врската која само што почнала да се развива. Поради тоа треба да и се овозможи таа нејзина потреба. Се разбира дека, доколку нема некои озбилни компликации, не треба да се откаже бремената жена од нормалните дневни обврски. Сепак, темпото на работа треба да се намали, а обврските да се сведат на начин на кој бремената жена ќе може да се одмара. Треба да се настојува навечер да се легнува порано или да се овозможи попладневен одмор. Најважно е бремената жена да си признае сама на себе, дека нема доволно сила и отпорност како порано. Вистина е дека бременоста е нормална физиолошка состојба, но истотака и посебен период во кој мора да се осигура поголемо внимание за себе и сопственото здравје отколку порано !
|
|
|
|