Hopeful RR -> RE: Спиење во текот на бременоста (29.1.2015 11:29:30)
|
Еве Felly RR, утеши се со мене, ненаспана сум со месеци [sm=smiley36.gif] Ај што природно спијам на стомак, штом почна да расте се префрлив на грб, па некако успевав да поспијам. Ама откога почнаа да притискаат на вената и да ме гушат, морам на страна и никако не можам да заспијам. Ми се спие, ми се плаче секоја вечер, си легнувам, и не можам, и не можам да заспијам. Се вртам, се туфкам, не бре, нема шанси. И исто како тебе, ќе се разбудам во ниедно време, и после оди презаспи, си седам така ко глупава по саат-два, и после цел ден сум за никаде. Ми се случува да дремнам попладне, после работа, во дневна пред тв, ама малце е тоа, дали 20 мин преку сила. Се тешам дека исто вака ќе биде и кога ќе се родат [sm=smiley36.gif] Се мислам за перницата, ме изнервираа продавачките во Стружанка, а и грди им беа материјалите, и не земав, ама ако стварно помага за спиење ќе скокнам до Анжи, плус и поевтина [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|