Bea -> RE: Хиперстимулација (4.7.2015 10:25:25)
|
Sunshinee, навистина е страшно ова низ што си поминала и секој чест на силата што си ја покажала. Не знам зошто на твоја одговорност си побарала да одиш дома, според мене во твојата состојба би било подобро да останеш под континуиран медицински надзор, па доколку се случи некаква криза, докторите и сестрите да можат веднаш да реагираат. Вака дома, после преживеаните шокови, не е ни чудно што ти се јавуваат панични напади, а тоа не е добро ни за тебе, твојот организам кој допрва треба да се спрема за бременост, ниту за сопругот, а ниту за како што и самата кажуваш семејната финансиска ситуација. Полесно е да се каже отколку да се направи, но мораш да најдеш сила и свесност да ја пребродиш оваа ситуација. Најстрашното поминало и ќе почнеш да се стабилизираш. До тогаш ти препорачувам да поразговараш со докторот и да ги послушаш неговите препораки. Кажи му за нападите на паника, секако тој ќе те упати што е реално да е очекува во твојата ситуација и ќе ти даде совет како да постапиш. Јас немав ни приближно симптоми како твоиве, но имав подуеност, излевање, благо отежнато дишење, па знам колку ми беше мачно, а не можам ни да замислам тебе како ти е. Не гледам како бајачка ќе ти го реши проблемот. Ти веќе покажа колку си силна и пак ќе кажам, најстрашното поминало, терапија си примаш, прави си редовни контроли и консултации и најважно од се - смиреност и позитивна мисла. Пробај полека самата да се смируваш, без да бараш сопругот да биде со тебе 100% од времето. Има ли некој друг кој може да биде со тебе во некој дел од денот?
|
|
|
|