Перзистентен фоликул (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Палешка РР -> Перзистентен фоликул (3.11.2009 11:06:40)

Неправилни, ациклични крварења (Дисфункционални крварења)

Оваа врста на пореметување на менструалното крварење е релативно честа појава кај жените и најчесто се јавува кај две карактеристични старосни групи
- на почетокот на репродуктивната фаза (околу 20 година)
- при крајот на репродуктивната фаза (менопауза)

Ако се појавува и после 20-тата година една од причините е појавата на перзистентен фоликул.

Фоликулот кој произведува естроген започнува со раст но не доаѓа до негово прскање и ослободување на јајце клетка туку продолжува да расте, односно перзистира 3-8 недели. Фоликулот се претвора во поголема формација 3-5 цм. и се означува како перзистентна фолекуларна циста. Додека постои овој фоликул секој ден произведува се поголеми и поголеми количини на естроген, зголемувајќи го нивото на естроген во крвта. Додека слузницата на материцата е под влијание на естроген таа се задебелува (пролиферира) и во еден момент станува хиперпролиферирана. Можноста на перзистентниот фоликул да создава естроген е ограничена и во еден момент престанува. Задебелената слузница на материцата тоа го препознава како недостаток на естроген па во поедини нејзини делови доаѓа до дегенеративни промени и појава на оскудно, но долготрајно крварење. Ако не се преземат тераписки мерки крварењето може да трае со денови или недели се додека перзистентниот фоликул не пукне.


Дали сте имале вакви наоди при испитувањата?
Каква терапија примавте?




Викторија -> RE: Перзистентен фоликул (4.11.2009 23:05:49)

можеби и нема врска годините јас сум во 30год па го имав овој проблем пред 2 месеци. прво мисе јавија големи болки во долниот дел од стомакот отидов на гиниколог и миказа дека се работи за голем фоликул односно за перзистентен фоликул околу 4см.болките ми траеа седо следната менструација која траесе доста долго на поцеток многу малце по неколку капки крв а потоа заврси со пообилно крваренје.терапијата стоја земав бесе ЦИТЕРАЛ капсули и СПАЗМЕКС таблети против болка




Страница: [1]