sandriana RR -> RE: Естетска хирургија (22.10.2016 22:30:15)
|
Темава заспала одааамна :) А јас поодамна размислувам за естетска хирургија кај деца. Дали некој има искуство со корекции кај дечиња, конкретно на уши, или пак има сознанија? Како се одвива постапка на државно, како на приватно? Орентациони цени? Пригодна возраст? Мое рамислување е да се интервенира на возраст до 6-7 години, додека детето не станало предмет на потсмев и различи прекари на сметка на клемпави уши, особено девојче ако е, но исто важи за момче. Ако нешто може да се поправи едноставно, пред да настане било каков психолошки проблем, сум да се поправи најбрзо што може. Сопругот бил подложен на корективна интервенција на едното уво кога имал 7-8 години (затегнување на кожата зад увото и прилепување кон главата) и поминало беспрекорно. Но тоа било пред 30 години.... Какви се Вашите размислувања и сознанија?
|
|
|
|