AnnaMolly RR -> RE: Естетска хирургија (24.6.2011 9:19:44)
|
Моментално преведувам една емисија за естетски корекции, па ме натера да пишам нешто на таа тема. Јас секогаш се шегувам со мм дека сакам да ги зголемам градите, ама не би го направила тоа сериозно. Да подлегнам на сериозна операција само за да имам големи гради? Не, фала. Откако имав лошо искуство со целосната анестезија за царски, стопати ќе размислам дали сакам пак тоа да ми се случи. Друга работа. На рацете имам белези кои се последица на долготрајно пиење кортикостероиди и друга терапија која ја примав 13 години и којашто предизвикува кожни промени. Белезите се на двете раце, на внатрешната страна и личат како изгореници. На инсистирање на мајка ми бев на пластична хирургија и рекоа дека може да се отстранат, но зафатот нималку не е едноставен. Решив дека нема потреба да се изложувам на тоа само за едни белези. Не ми пречат на здравјето, а воопшто не ми се ни комплекс. Доколку тие претставуваа опасност по моето здравје, тоа е друга работа. Значи, сума сумарум, доколку причината за подлегнување на пластична операција е само подобрување на надворешниот изглед сум против, а доколку се работи за здравје, поддржувам.
|
|
|
|