| 
	   
	    | 
		    
			  | Еца ->  RE: Прва нова храна на бебето  (20.6.2009 16:10:44) |  
			  | Од 0-4 месец се препорачува исклучиво млеко, мајчино или адаптирано.
 
 Во 5-от месец се препорачува воведување на овошје: јаболко, банана, круша и житарки: оризови и пченкарни снегулки.
 
 Во 6-от месец се воведуваат нови видови овошје: кајсија, праска, цреши, вишни, сливи. Во овој месец можете да започнете со воведување на зеленчукови каши подготвени од морков, спанаќ, тиквици. При нивното приготвување можете да употребите и малку маслиново масло или маргарин, за да го подобрите вкусот.
 
 Во 7-от месец  при приготвувањето на овошните оброци може да воведете и диња, боровинки, јагоди, малини, капини, ананас, рибизли, киви. Внимавајте на можни алергиски реакции особено при конзумирање на јагодата. Воведете нови зеленчукови вкусови како: брокула, компир, грашок, боранија, карфиол. Настојувајте грашокот и боранијата да бидат млади. Во овој месец се препорачува внесување на оброк од месо и тоа пилешко (бело месо, не копан) и јагнешко.
 
 Во 8-от месец  се воведува рибата. Приготвувајте бела риба како ослич, пастрмка и тоа само варена. Воведете млечни производи :кравјо сирење, путер. Од житарките воведете леб и двопек. Овошните вкусови збогатете ги со лимон, портокал, грејпфрут, мандарина, грозје, лубеница, а од зеленчукот дадете домат.
 
 Во 9-от месец како нов вкус воведете го јајцето, но само жолчката и за почеток не повеќе од ¼, тврдо варена. Од млечните производи воведете го јогуртот и киселото млеко, со кои може да го подобрите вкусот на зеленчуковите каши, затоа што сеуште не се препорачува засолување на храната, и приготвување на житните каши. Воведете бисквити како сладок оброк, тестенини и тоа: макарони, шпагети, јувки.
 
 Во 10-от месец од зеленчук можете да приготвите зелка, праз, ќељ, да користите пилешко темно месо и мисиркино, воведете павлака, а може и малку мед. Внимавајте со употребата на медот, може да предизвика алергија.
 
 Мелени ореви, бадеми, лешници, костени давајте ги во 11-от месец.
 Внесетего и лукот при приготвување на зеленчуковите каши, кој е познат  како природен антибиотик.
 
 Во 12-от месец воведете ја белката и тоа тврдо варена, леќата и гравот.
 
 По 12-от месец можете постепено да воведувате  сол и зачини но во мали количини, слатки, свинско, тврди и топени сирења.
 
 За цело време во исхраната на вашето дете треба да е застапено млекото мајчино или индустриски адаптирано.
 |   
	          | 
 |  |  |