| 
	   
	    | 
		    
			  | mis. ->  RE: Прва нова храна на бебето  (14.12.2009 16:50:11) |  
			  | Препорачливи производи за прихранување  по месеци               Од  0-4 месец се препорачува исклучиво млеко, мајчино или адаптирано.               Во  5-от месец се препорачува воведување на овошје: јаболко, банана, круша и  житарки: оризови и пченкарни снегулки.               Во  6-от месец се воведуваат нови видови овошје: кајсија, праска, цреши, вишни, сливи. Во овој месец можете да започнете со воведување на зеленчукови каши подготвени од морков, спанаќ, тиквици. При нивното приготвување можете да употребите и малку маслиново масло или маргарин, за да го подобрите вкусот.               Во  7-от месец  при приготвувањето на овошните оброци може да воведете и диња, боровинки, јагоди, малини, капини, ананас, рибизли, киви. Внимавајте на можни алергиски реакции особено при конзумирање на јагодата. Воведете нови зеленчукови вкусови како: брокула, компир, грашок, боранија, карфиол. Настојувајте грашокот и боранијата да бидат млади. Во овој месец се препорачува внесување на оброк од месо и тоа пилешко (бело месо, не копан) и јагнешко.               Во  8-от месец  се воведува рибата. Приготвувајте бела риба како ослич, пастрмка и тоа само варена. Воведете млечни производи :кравјо сирење, путер. Од житарките воведете леб и двопек. Овошните вкусови збогатете ги со лимон, портокал, грејпфрут, мандарина, грозје, лубеница, а од зеленчукот дадете домат.               Во  9-от месец како нов вкус воведете го јајцето, но само жолчката и за почеток не повеќе од ¼, тврдо варена. Од млечните производи воведете го јогуртот и киселото млеко, со кои може да го подобрите вкусот на зеленчуковите каши, затоа што сеуште не се препорачува засолување на храната, и приготвување на житните каши. Воведете бисквити како сладок оброк, тестенини и тоа: макарони, шпагети, јувки.               Во  10-от месец од зеленчук можете да приготвите зелка, праз, ќељ, да користите пилешко темно месо и мисиркино, воведете павлака, а може и малку мед. Внимавајте со употребата на медот, може да предизвика алергија.               Мелени  ореви, бадеми, лешници, костени давајте ги во 11-от месец.
 Внесетего  и лукот при приготвување на зеленчуковите каши, кој е познат  како природен антибиотик.               Во  12-от месец воведете ја белката и тоа тврдо варена, леќата и гравот.                По  12-от месец можете постепено да воведувате   сол и зачини но во мали количини, слатки, свинско, тврди и топени  сирења.               За  цело време во исхраната на вашето дете треба да е застапено млекото мајчино или  индустриски адаптирано.
 
 |   
	          | 
 |  |  |