| 
				  elenak ->  Здрава храна - рецепти  (1.3.2013 14:25:28)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Ја прелистав темата Вегетаријанци и видов дека има некои рецепти кои би се вброиле во здрави, но не мислам дека здрава храна = вегетаријанска храна во целост, затоа ја отворив оваа тема како посебна со цел да размениме рецепти кои содржат и риба или мед на пример, кои не е дел од ,,живата,, храна а спаѓаат во здравата (барем според мене).    Лично повеќе ме интересираат десертите отколку главните оброци, па се потрудив и најдов еден куп рецепти а се спремам и да реализирам некој од нив. Еве од мене неколку вкусни рецепти за благичко како за почеток.      Мафини   3 лажици ленено семе се кисне со 15 лажици вода. Откако ќе стане лигава смесата, во неа се додава: 100 мл кисела вода, пола пециво, 3 шаки интегрално брашно, ванила, една лажица рогач, кора и сок од пола портокал, 50гр кокос, една лажичка ѓумбир, 2 лажички мед и 6-7 сецкани урми. Се става во калап и се пече 15- 20 минути      Колач со пченица   Во смесата со пченица: 200-300гр варена пченица, 10 урми, лажичка ѓумбир и една шолја мелени ореви.       Пченицата се меле на машинка за месо, урмите во блендер. Се соединува смесата и се става во калап претходно попрскан со кокос за смесата да не се залепи.      Откако ќе се стегне (саат- два во замрзнувач), се вади од калап и се мачка со филот: 10-15 урми заедно со 100гр ореви во блендер.      Бомбици   Состојки: 150гр урми со една шака ореви во блендер да се добие убава смеса. Потоа се додава 1-2 лажици какао и кора од еден портокал.      Црно-бели коцки      Бел дел: 150 гр овесни снегулки сомелени во брашно и една дуња рендана на ситно. По желба се додава цимет или ванила.      Црн дел: 300 гр урми се мелат со 50-60 гр ореви. Во таа смеса се додава 2 лажици какао и сок од еден портокал.   Се реди црн дел-бел дел и откако ќе стегне се сече на коцки.    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |