|
Calypso -> RE: Доење на јавно место (5.5.2012 21:57:41)
|
Јас сум доела на јавно место, секако, покриена со марама. Значи ако сме биле некаде во ресторан, во кафуле, во парк - ако малиот сакаше, т.е плачеше, го доев. Не го сметам доењето во кола - тоа ни беше речиси секојдневие. Меѓутоа, доста често забележувам, слушам и читам негативни коментари од други луѓе, пред се жени, девојки кои не се мајки - дека не било пристојно да се дои на јавно место. Велат дека требало да му дадам ад млеко, сокче или нешто друго, или пак дома да седам со детето, Тука се прашувам, дали нив им пречи чинот на доење или градата на мајката која не се ни гледа (бидејќи не верувам дека има жени кои од нигде никаде на јавно место видно ќе ја извадат градата и ќе му дадат на бебето да цица)? Ако морам да излезам, па непланирано се задржам, како да не го дојам? Ако не ми фаќа цуцла, како да му дадам ад млеко? Ако е помало од 5 месеци (ова само како пример), како да му дадам сокче, каша или нешто друго? Дали вие сте се сретнале со вакви конзервативни размислувања, па дури и гадливост? Јас тоа не можам да го сфатам, особено не, кога потекнува од жени. Не сме сите исти, точно е, некои навистина од срам не можат да дојат на јавно место, ама мислам дека не е во ред некој што не поминал низ тоа искуство да осудува.
|
|
|
|