mamicki -> RE: Кога ние бевме деца - нашиI дилеми и прашања (8.4.2012 17:06:24)
|
Прво да се изнасмеам [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] На возраст од 5,5- 6 години, одев во забавиште, и само што имав почнато сама да се облекувам, никако не можев да сфатам зошто секојпат мора прво да облечам чорапи, па дури потоа чевли, и упорно се карав со баба ми на таа тема [sm=smiley36.gif], а еднаш заминав во училиште со чорапи навлечени преку сандалите, и се сеќавам како таа трчаше да ме стигне за да не ја резилам, а јас бегав колку ме нозе држат [sm=smiley36.gif] Исто така мислев дека треба да плачам само ако кога ќе паднам има крв, па еднаш убаво ја треснав главата, ми порасна огромна џумка, стопати пипнав да проверам дали тече крв, ама немаше. А не да ми се плачеше!, ама не заплакав[sm=jezicek.gif] А, да- убедена бев дека на куклите ќе им порасне косата, па сите ги имав исчкрапано како воени злочинци [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|