| 
				  AnnaMolly RR ->  RE: Детската креативност и фантазија  (18.2.2013 15:21:54)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Филип во последно време обожава да игра игри во кои се прави „на Тошо“.   Вчера јас гледам телевизија и почна да кукурика од никаде. И ми вика:   Ф: Мамо, слушна ли ти некој петел?   Јас: Не, каков петел?   Ф: Не знам, јас тука си седев и почна да вика некој петел, не го видов. Тато, ти да не виде некој петел со заби и со мустаќи?      [sm=jezicek.gif]      И зел ми крие една сликовница во раце, ама ја гушнал со рацете и мисли дека не ја гледам. Ми вика:   Ф: Мамо, да не ми ја виде сликовницата?   Ј: Не, не знам каде е. Да не ти ја зел Мики Маус?   Ф: (оди кај Мики Маус) Ти да не ја виде мојата сликовница? Не бе Мики, па не ми е во раце, гледаш дека ништо не држам.      Ваквите игри му се хит во последно време.    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |