| 
				  mami2 ->  RE: Детската креативност и фантазија  (21.1.2012 1:25:25)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   За поттик на креативните вештини користиме стандардно: дрвени, мрсни, водени бои, фломастери, тапи ножички за сецкање на списанија и колажи, печати, пластелин и тесто за обликување, боенки пиши-бриши....   Некогаш им давам макарони за нижење.   Ама мислам дека фантазијата најмногу ја изразуваат преку редење на коцки. Имаат неколку комплети, нон стоп редат а ние се чудиме каде се направените бродови, пиштоли,...бидејќи креациите баш и не личат на именуваните предмети. Тие пак и цели приказни верглаат....а да, и најмногу се р`чкаат за една од двестоте коцки по дома.   А за играње улоги, главна глумица сум по дома, играм пациент, дете кое не сака да оди во градинка, комшика за кафе, мајстор, гладно дете, пумпаш на бензиска, итн....   Речиси се и со се дозволувам да играат за да имаат можност да ги развијат потенцијалите, освен на компјутер, мали се а и да не ми го зафатат, еден ни е    
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |