| 
	   
	    | 
		    
			  | sandriana RR ->  RE: Кога да се почне со дохрана  (5.9.2013 19:21:53) |  
			  | После навршени 4 месеци слободно почнете со воведување на дохрана, мој совет.
 Ќерка ми цицаше интензивно до 18 месеци, но јас сепак воведов дохрана веднаш штом наполни 4 месеци.
 Моментот со сокови, за да вкуси, јас го прескокнав, од причина што цуцла не фати, а со лажичка повеќе плука, отколку што пие, а и купечките сокови ми се вишок во исхраната, особено за бебе. Ако цедите дома природен, и бебето фаќа да пие со цуцла, во ред.
 Сепак, полека воведувајте вкус по вкус, нов на секој 3ти ден. За почеток- јаболко, банана, слива, круша, праска....па комбинација од нив.
 Зеленчук воведов со навршени 5 месеци - ориз, компир, пиперка, лупен домат ...
 
 И внимавајте нов вкус секогаш да се даде наутро, како би приметиле евентуална алергиска реакција до вечерта.
 |   
	          | 
 |  |  |