Felly RR -> RE: Зајдување (15.6.2012 13:04:33)
|
Vilar, не грижи се, не си сама, и кај нас се случува истото. Еве последно се случи пред неколку дена, кога и ставав капки во очите. М никако не сака да и ставам капки во очи, и одма почнува да плачи, ама последниов пат дури и зајде од плачење, како што беше легната, ја видов дека веќе снемува воздух, ја кренав одма, почнав да и дувам в лице, да ја мавам по грпчето, а таа цела помодре, се онесвести. Јас веќе се навикнав, и не паничам толку. Првиот пат кога се случи, беше штотуку проодена, и се спрепна, падна, заплака еднаш силно и се онесвести. Педијатарот не прати на ехо на мозочето - преку фонтанелите, пошто тогаш не се уште затворени нели, ја видоа на ехо, и се беше во ред. Јас заклучив дека тоа е од страв, кај неа најмногу, не за да манипулира со тоа, како што велат дека прават некои деца. Се надевам дека со тек на време ќе помине, не се случува често, ама ете понекогаш.
|
|
|
|