Felly RR -> RE: Зајдување (16.1.2011 17:39:06)
|
И кај нас често се случуваше кога Матеа беше помала, да почне да плаче, и да врисне силно и потоа како да заборава воздух да си земе, па ја потчукнувавме по грбчето. Ама пред некој ден кога одеше низ собата, и се потспрепна на тепихот, и падна, не дека падна многу лошо, ама може се исплаши, и кога врисна еднаш силно, и снема воздух, се онесвести и почна да ги превртува очите, а јас се стаписав, срцето ми застана. Не знаев што да правам, ја завртев со главчето надолу и ја чукав по грбчето, и додека и слушнав повторно глас немав душа во мене. Дали во таква ситуација треба да се свртува така со главата надолу (овде прочитав некои мајки дека така правеле) или подобро е да му се дувне на детето в лице или в уста. Не дај Боже да се случи повторно, ама подобро да знам што треба да направам.
|
|
|
|