| 
				  Octavia ->  RE: Како успевате да му дадете лек на вашето дете?  (7.7.2011 9:56:22)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Темава ми буди хорор спомени... плачење, плукање, повраќање, вриштење... Не сакаше со арно, дај му на сила, ќе поврати, удираше со рачињата, буткаше... Дури и со арно кога ќе се убедевме, знаеше да ми го поврати сирупот штом ќе го голтне[sm=smiley19.gif]. И ден-денес повраќа ако нешто не му е по вкус убаво, а веќе во школо оди.   Инаку, од една познаничкасовет како се дава сируп на дете- го седнала во када (вика „Па нема цела куќа лом да ја направам“) и бута... ако плукне малиот, таа пак, ако поврати, таа пак... Ми кажува цел сируп потрошила така бутајќи, не го пуштала од кадата да мрдне (не бил антибиотик, витамински) ама вика сега и рибино масло пие [sm=smiley13.gif]. Јас не би можела така во никој случај, ама неа и успеало. Баш ја прашував како не и било жал да го гледа како плаче, како се бори (затоа што тоа сигурно е голема фрустрација за детето), а таа ми вика „Подобро да поплаче тогаш саат-два, отколку на секое давање сируп циркузи...“    Може навистина се е до ставот... [sm=zmeden.gif] 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |