Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје II - од 27. до 40. недела (13.7.2011 13:38:02)
|
Еве и јас да се пријавам дека сум тука. [sm=smiley1.gif] Не спиев нешто убаво, легнав малку пред 4, па се вртев, бев гладна, па станав , јадев кекс и млеко, па се вратив, па одев стопати во вц, бидејки вечерва изедов пола лубеница, и така на рати спиев до 11. Ама вечер ќе си легнам порано и се надевам ќе заспијам порано, оти овака не бива, сва сум зашаматена кога станам. Али ајде ќе помине и тоа, не е страшно, се издржува. Мене градите ми се зголемени можеби за број-два, само што и јас не носам прслук, ептен кога сум надвор, и ни порано никогаш не носев. А треба да земам од тие памучните за доење, само се уште не знам кои број. немам се уште стрии ни на градите, а ќе видам покасно. Мислам дека големината на градите не одредува да ли ќе имаш млеко или не. Во секој случај, јас се молам околу тоа доење, од се тоа ми изгледа некако најтешко. Се мислам да ли ќе се погодиме, да ли ќе знаем добро да го дојам, да ли ќе се добро усогласиме бебето и јас? Се надевам ќе биде во ред. Мамичка77, моето бебе е машко, Јаков [sm=love.gif]
|
|
|
|