RE: Дали го оставате бебето да преспива некаде без вас? (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Neurotoxin RR -> RE: Дали го оставате бебето да преспива некаде без вас? (27.5.2015 8:24:56)

Само сакав да кажам дека уште од тогаш и кажував уште пред да ја оставиме, може тогаш не ме разбираше, ама сега ме разбира, не ја лажам, не ја оставам изненадно, не и бегам, се поздравувам со неа со најмалце емоции значи и покажувам колку е тоа нормално и ништо страшно, и правам филм колку ќе и биде убаво... и она се внесува во филмот и среќна е :) сега и на телефон се слушаме кога останува и нема гајле. Многу ми олеснува што немам проблем со оставњето.




nataly86 -> RE: Дали го оставате бебето да преспива некаде без вас? (27.5.2015 10:01:51)

Од 6.5 месеци ги оставам да преспијат кај моите..досега не направиле проблем никаков најмногу 2 вечери имаат спиено...незнам можеби рано им беше но на АД млеко се не беа зависни од мене....за заспивање немаме ритуали со нишкање и слично шише креветче и толку се пие кој колку сака и пушта шишето вртење на друга страна и толку...многу сум среќна што не се заспиваме со шетање или нишкање..




vezilka RR -> RE: Дали го оставате бебето да преспива некаде без вас? (27.5.2015 11:13:43)

Никола иако е голем само инцидентно спиел кај баба, кога сме кречеле или сме биле на свадба. Дури и тогаш ми се случувало да го зимам у два по полноќ. Јас за да ја штедам мајка ми, оти секако 5 дена во неделата се расправа исо еден куп деца (моиве и од сестра ми), па не сум го оставала, и тој сега не ни сака да спие на друго место. ЁНе дека не е учен без мене, оти јас често патувам, па тој си спие сам со тато, ама дома. Ист случај и со малово.




blond -> RE: Дали го оставате бебето да преспива некаде без вас? (28.5.2015 11:08:01)

Синчето го оставив сам да преспие т.е со баба му некаде кога имаше 9-10 месеци. Претходно не можев никаде да го оставам бидејќи беше сеуште цицаше.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]