Felly RR -> RE: Страв од лекари? (5.10.2011 0:20:16)
|
Матеа има голем страв од лекари. Додека стоиме во чекалната, нема гајле, ама штом ќе влезиме, одма писнува. Ама сега последниов пат, кога бевме, многу ме изненади. Додека чекавме, цело време, ме тегнеше надвор да си одиме, место не ја фаќаше... А јас цело време и зборував, дека нема зошто да се плаши, докторката само ќе ја слуша, и грлцето ќе и го види, нема да има боцкање. И кога влеговме, таа цела исплашена, јас и зборувам, па почна и докторката, а Матеа, со страв, ама цело време повторуваше „да, да“ (како сама сила да си даваше, и да си потврди дека стварно ќе биди така) на нашите убедувања дека ништо не прави докторката, и на крај, ме изненади колку добро поминавме, па после кеф и беше и докторката дека ја пофали[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
|
|
|
|