Mila mamicka -> RE: Страв од лекари? (24.11.2014 11:47:26)
|
Воопшто немаме страв од доктори. Уште кога беше мал, и за земање крв, и за вакцини, и за редовни контроли, секогаш беше расположен и никогаш не плачел. Педијатерот му е супер, има некој другарски однос со неа, и супер поминуваме. Досега двапати го носев и на стоматолог, и ептен убаво поминавме, интересно му е. Дома дури имаме и сет играчки за доктори, и тој многу сака да глуми доктор и не прегледува сите по ред.
|
|
|
|