Anushka -> RE: Подготвувате ли зимница? (28.9.2010 0:51:31)
|
зимница е нешто со кое Балканов е благословен. Вистинските домаќинки добро знаат дека правењето зимица е како годишен одмор: Зимаш слободни денови од работа, муж ти ги носи вреќите од пазар (што не е вообичаено, ама за лутеничето се` ќе напраи), доаѓаат комшиките на помош, се праи ѓезме до 1 сабајле, гајбата пиво, по некое кебапче и пченка на ќумбето, трач за комшивките што не дошле... мажот сочувствително ти ги масира рамениците оти си се преработела. А кога ќе ги наполниш теглите со скапоцената црвена материја наречена ајвар, утре дента те оставаат да си поспиеш, сефте и последен пат во годината (дури ни за Нова година ова не ти се случува)
|
|
|
|