|
Calypso -> RE: Како успеавте да го ишишате вашето дете? (28.7.2012 9:55:37)
|
Кога сме на оваа тема, морам да признаам дека син ми ме изненади. Тука читав, и од други мајки слушав дека децата обично се тешки за шишање. Јас сакав да му ја скратиме малку косата на син ми, оти многу потеше, жешко е летово и се исфрлаше на вратчето нонстоп. Некаде пред две недели татко ми го однесе кај маалскиот бербер и без проблем му ја скратиле косата со ножички. Јас да бев, немаше да седи, ќе плачеше, а вака, бидејќи многу се дружат со татко ми, го слуша, и секаде оди со него, па и таму седел без проблем. Е сега, не поти толку, ама ни косичката не му е како што му беше мека... сува му е, како да сум му ја фарбала [sm=zmeden.gif] иста таква сува, не знам зошто. Не сум сменила ни шампон ни ништо, само што не му ја мијам секоја вечер како што правев кога му беше подолга. Тогаш морав да ја мијам поради потењето, а сега нема потреба.
|
|
|
|